Уште од своето основање во 1946 година, јапонскиот бренд за часовници CASIO зад себе има инмпресивна и успешна приказна. CASIO како бренд се разви до тој степен да стана синоним за иновативни и сигурно часовници, односно иновативно и сигурно мерење на времето, децении наназад, секако со тоа што и денес е еден од најпознатите и најценетите брендови на часовници ширум светот.
Основачот на CASIO, Тадао Кашио ја започнал компанијата како мал семеен бизнис во Токио, специјализиран за производство на машини во тоа време. Но, скоро по основањето компанијата го согледала потенцијалот на технологиите кои следат, па се одлучила да започне со производство на часовници.


Најголемиот пробид на CASIO часовниците е во 1974 година, со воведување на часовникот CASIOTRON, првиот дигитален рачен часовник во светот, со автоматски календар. Ова бил револуционерен производ, кој е почеток на нова ера во индустријата на часовниците и токму истиот тој модел ги поставил темелите за светскиот успех на CASIO часовниците.
Во текот на следните години, CASIO имал контуниран раст и воведување на иновативни решенија и функции во своите часовници како функција на калкулатор, база на податоци, мерење на височини, барометри и слично. Ова се всушност функциите кои се јавуваат во следните модели на CASIO часовниците, а на некој начин се и пионери на денешните „паметни часовници“.