Iute е флексибилна и транспарентна услуга за плаќање за паметни купувачи. iute ви овозможува да купувате сега и да плаќате подоцна на рати кога купувате онлајн или офлајн.
За онлајн купување има само 4 чекори. Следете ги за да го направите вашето купување со iute.

1. Започнете со купување.

Одете во е-продавницата на партнерите на iute и изберете ги посакуваните производи или услуги.

2. Изберете iute како опција за плаќање. 

3. Добијте одобрение и потпишете го договорот.

Преземете ја   Апликацијата Myiute  или најавете се доколку ја имате. Откако вашата апликација ќе биде одобрена, потпишете ги документите преку MyIute апликацијата..

4. Купувањето е завршено.

Продавницата ќе ви ги проследи нарачаните производи.

Дали iute ми наплаќа трошоци?

Iute Smart 0% е без никакви трошоци. Ако купите производ кој чини 6000 МКД на 6 рати, тогаш враќате 6x1000 МКД. Без дополнителни трошоци!

Кога треба да ја направам мојата прва отплата?

Ќе почнете да плаќате за купените производи на месечна основа. Обично, тоа значи дека ќе почнете да плаќате еден месец по одобрувањето.

Како работи апликацијата Myiute?

Myiute е едноставно решение за брзо и безбедно потпишување на договорите за кредит преку интернет. Треба да ја преземете апликацијата и да се најавите со вашиот личен пин и ОТП (еднократна лозинка) доставени до вас преку СМС. По одобрувањето, можете да го потпишете договорот преку апликацијата. Процесот на потпишување е брз и лесен.

Колку време е потребно за да се одобри кредитот?

За нашите однапред одобрени лимити за постоечки клиенти одобрувањето е инстантно. За останатите клиенти процедурата е 5-10 минути. Чувајте го телефонот блиску до вас, по аплицирањето очекувајте повик од нашите агенти.

Што се случува ако одлучам да го вратам купениот производ во продавницата?

Ве молиме контактирајте не во врска со оваа проблематика. Доколку го прегледаме и одобриме производот да биде вратен, ќе ве информираат околу повлекување на кредитот.

Што се случува ако одлучам да го вратам купениот производ во продавницата?

Ве молиме контактирајте не во врска со оваа проблематика. Доколку го прегледаме и одобриме производот да биде вратен, ќе ве информираат околу повлекување на кредитот.