БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НА СЕКОЈА НАРАЧКА

Кои сме ние ?
Нашата веб страница е https://bono.mk.

Политика на приватност
Интернет страната www.bono.mk нуди онлајн услуга за онлајн продажба на часовници, со цени изразени во денари со вклучен ДДВ.

Секој купувач може но и не мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, како преглед на нарачаното.

Доставата е бесплатна за секоја нарачка.Истатa не опфаќа гаранција и осигурување при транспорт/достава на производот.

Купувањето може да се оствари преку плаќање при испорака  како и со следните платежни картички: Visa Classic; Visa Electron; Master Card; Maestro, а наплатата се извршува преку системот на НЛБ Тутунска Банка.

Со користење на оваа онлајн продавница, корисникот признава дека е полнолетен, односно мора да има најмалку 18 години за да може да го користи сајтот за купување, а во спротивно одговорноста е на лицето што му овозможило пристап до податоците кои му се потребни на малолетното лице за онлајн купување. BONO.MK не сноси никаква одговорност доколку купувањето го врши малолетно лице.

Иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на BONO.MK не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Правото на користење на овој сајт е лично на крајниот корисник и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Со користење на овој сајт крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст.

Контакт информации на контролор
Златар Боно Т.П. Рада Кирил Божиновски Кочани, ул. „Маршал Тито“ трговски центар ББ, Кочани

Споделување на вашите податоци
При вашата посета на нашата онлајн продавница, серверот автоматски ја бележи IP адресата на корисникот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал, а крајната цел е анализа на најпопуларните содржини меѓу публиката со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.

БОНО.МК се обврзува дека на најдобар можен начин ќе ги заштити овие податоци, но не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашите сервери, нивна злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем или други незаконски активности на корисниците.

Официр за заштита на лични податоци

Рада Кирил Божиновски

Правила за купување
За купување онлајн, може да се Најавете се на вашиот профил, но може и да купувате без да имате креирано сметка. Предноста на креирана сметка е тоа што може да ги следете вашите нарачки.

  1. Изберете производ
  2. Додадете го во кошничка со клик на копчето ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА
  3. Одете во МОЈА КОШНИЧКА (Во менито, горе десно) или помошното мени што излегува при додавање во кошничка.
  4. Кликнете КОН ПЛАЌАЊЕ
  5. Доколку имате ваучер кој сакате да го искористите, внесете го кодот во полето КОД НА ВАУЧЕР
  6. Пополнете ги сите полиња за лични податоци
  7. Одберете начин на плаќање (Плаќање при достава / Плаќање со картичка)
  8. Внесете забелешка (Доколку имате, НЕЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  9. Кликнете ИЗВРШЕТЕ НАРАЧКА

Правила за одговорност
Оваа политика на приватност појаснува за тоа како ние ги обработуваме личните податоци кои доброволно се дадени од страна на корисниците на веб страната и однесува само за оваа страна и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни. Со користење на ова веб-страна, корисникот се согласува со условите на оваа Политика на приватност. Доколку не се согласувате со оваа политика, ве молиме да го прекинете пристапот до веб страната.

Правила за надомест на штети
Корисникот се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Златар Боно и одговорните лица за сите побарувања на штета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа онлајн продавница, од страна на корисникот.

Правила за замена на роба и рекламации
Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не` на телефонскиот број или mail и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот можете да го вратите во рок од 15 дена од денот на направеното купување, а замена со друг производ можете да направите во рок од 30 дена од денот на направеното купување. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите документи кои сте ги добиле заедно со производот. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Правила за регистрација, најава
Регистрацијата на www.bono.mk започнува со клик на линкот “Најави се” во горниот десен агол на страната. Во формата која ќе се отвори кликнете на „Регистрирај се“. Потоа ја внесувате вашата e-mail адреса и следен чекор, кликате на регистрирај се. Вашиот профил е регистриран, на Вашиот е-mail ќе добиете автоматски генерирана лозинка за најава нареден пат.

Најавата на www.bono.mk започнува со клик на линкот “Најави се” во горниот десен агол на страната. Во формата која ќе се отвори внесете ја е-маил адресата и лозинката (Која е автоматски генерирана на вашиот e-mail), па потоа кликнете на копчето “НАЈАВИ СЕ”.

Правила за контакт и електронски пораки
Доколку имате прашање, или едноставно сакате да не контактирате од некоја причина, чуствувајте се слободно да го искористете тоа со кликање на Следниот Линк

Политика на Колачиња (Cookies)
Колачиња (cookies) се мали текстуални фајлови лоцирани на Вашиот уред за да собираат информации. Kолачињата се користат за нормално функционирање на одредени карактеристики на веб-страните што им го олеснува пристапот на корисниците до содржината.

Нашата онлајн продавница користи колачиња со цел страната да работи правилно и во насока на подобрување на вашето целокупно корисничко искуство на нашата веб страна.

Ги употребуваме за персонализација на содржинатa и огласите, унапредување на функционaлноста на социјалните медиуми и анализа на сообраќајот.

Информациите собрани преку колачиња не ги користиме за да ве идентификуваме. Колачињата може да ги зачуваат информациите за вашите кориснички навики, но не можат да ги читаат вашите лични податоци или информации од вашиот хард диск.

Кога за прв пат ќе пристапите на нашата веб страна добивате порака со објаснување за употребата на колачињa. Откако накратко ви е објаснета причината за користење на колачиња, вие имате право да се согласите односно не се согласите со употребата на колачињата преку означување на едно од наведените полиња.

Со одбирање на полето ,,Прифаќам” вие потврдувате дека се согласувате со користењето на колачињата. Исто така можете да одберете да не дадете согласност за користење на колачињата со одбирање на полето ,,Прилагоди поставувања”.

Иако прифаќањето на колачињата не е неопходно за функционирање на веб страната, имајте во предвид дека колачињата би ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето.

На линкот подолу имате корисни информации за менаџирање на колачињата на различлни пребарувачи:

https://www.allaboutcookies.org/manage-cookies/