Политика на приватност

БОНО » Политика на приватност

Заштита на лични податоци

Заштитата на личните податоци на нашите купувачи е многу важна за нашата компанија.
Сите податоци кои се собираат од вашиот уред се оние кои сте ги дозволиле преку прифаќање на колачињата при првичен влез на нашата онлајн продавница.

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со законската регулатива за заштита на податоците.


Обработка на лични податоци

Личните податоци кои ги обработуваме при нарачка (име и презиме, физичка адреса, e-mail адреса и телефонски број) се безбедни и остануваат само во системот за нарачки.

Овие податоци се складираат и обработуваат само за конкретна намена – регистрирање на онлајн продавницата или при нарачка на производ.


Употреба и чување на личните податоци

Вашите лични податоци нема да бидат продавани, изнајмувани или споделувани со трети лица, освен за потребите на надлежните органи согласно законската регулатива на Република Македонија.

Нашиот тим и вработените се обврзани да ја почитуваат доверливоста на податоците внесени при нарачка и регистрација.


100% сигурна нарачка

Нашата веб-страница (www.bono.mk) е целосно безбедна за онлајн купување.

Сите податоци поврзани со трансакциите се единствено достапни на Халк Банка АД Скопје, преку чиј систем е овозможено електронското плаќање.

Безбедноста дополнително ја гарантира Интернационален Картичен Систем – Casys, преку системот cPay, заштитен со алатката 3D Secure.


Општа безбедност

Нашата компанија се грижи за 100% безбедност на вашите лични податоци.

  • Лица под 18 години не смеат да оставаат лични податоци без одобрение од родители/старатели.

  • Нашата веб-страница има интегриран SSL сертификат, кој овозможува безбедна врска помеѓу вашиот уред и онлајн продавницата.

Во случај на сомнеж за злоупотреба на податоците, ве молиме веднаш контактирајте не.


Плаќање при нарачка

Купувачот може, но не мора, да се регистрира за да изврши нарачка. По нарачката се испраќа e-mail потврда.

Процесот поминува низ три фази:

  1. Се процесира – нарачката е направена, но чека преглед и одобрување/одбивање.

  2. Одобрена – се подготвува и испраќа, со рок на достава 2–3 работни дена.

  3. Одбиена – купувачот добива известување со причина, а средствата се враќаат (доколку е плаќано со картичка).

Плаќањето може да се изврши:

  • При достава (во готово)

  • Со платежни картички: Visa Classic, Visa Electron, MasterCard, Maestro (преку системот на Халк Банка АД Скопје).


Замена / Враќање на производ

По прием на пратката, проверете го производот. Ако има недостатоци или не е во согласност со вашата нарачка:

  • Контактирајте не во рок од 24 часа (телефон или e-mail).

  • Производот може да се врати во рок од 15 дена ако е неоштетен, неупотребен и во оригинална амбалажа со придружна документација.

Процес:

  • Производот се прегледува.

  • Доколку ги исполнува условите – се заменува или враќаат средствата на трансакциска сметка на купувачот.

  • Доколку не ги исполнува условите – барањето може да биде одбиено.


Достава на нарачка

  • Доставата е бесплатна за сите нарачки.

  • Рок на испорака: 2–3 работни дена преку овластена курирска служба.

  • Секој производ е спакуван со соодветна документација, кутија и брендирана кеса.

Ако при приемот забележите оштетување или недостиг, контактирајте не пред да ја подигнете пратката.


Политика на колачиња (Cookies)

Колачињата се мали текстуални фајлови кои го подобруваат корисничкото искуство.

Видови на колачиња што ги користиме:

  • Неопходни колачиња – за основни функции (навигација, купување, статистика).

  • Колачиња за аналитика – за броење посети и анализа на сообраќај.

  • Функционални колачиња – за персонализација на содржина.

  • Колачиња за маркетинг – за прикажување релевантни реклами од партнери.

Посетителите можат да изберат дали прифаќаат колачиња. Во случај на одбивање, делови од веб-страницата може да не функционираат правилно.


Назив и седиште на контролор

Златар Боно ДОО, Кочани

  • Адреса: ВМРО (Маршал Тито) б.б.

  • Телефон: 074 204 304

  • E-mail: bonoandco@gmail.com

Офицер за заштита на лични податоци:

  • Рада Божиновска

  • Телефон: 078 880 777

Scroll To Top
  • Мени
Затвори
Почетна
0 Кошничка

Ваша Кошничка. 0

Затвори

Вашата кошничка е празна.

Продолжете со купување.