Заштита на лични податоци
Заштитата на личните податоци на нашите купувачи е многу важна за нашата
компанија. Сите податоци кои се собираат од вашиот уред се оние кои сте ги
дозволиле преку прифаќање на колачињата при првичен влез на нашата он-лајн
продавница. Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност
со законската регулатива за заштита на податоците.
Обработка на лични податоци
Личните податоци кои ги обработуваме при нарачка (на пр. Вашето име и презиме,
Вашата физичка адреса, Вашата e-mail адреса и Вашиот телефонски број) се
безбедни и остануваат само во системот за нарачки. Истите податоци се складираат
и обработуваат само при конкретна намена како регистрирање на нашата он-лајн
продавница или при нарачка на производ.
Употреба и чување на личните податоци
Гарантираме за тоа дека Вашите лични податоци од наша страна нема да бидат
продавани, изнајмувани и споделувани на трети лица, освен за потребите на
надлежните органи во согласност со законската регулатива на Република
Македонија. Нашиот тим и нашите вработени се обврзани да ја почитуваат
доверливоста на Вашите податоци, внесени при нарачка и регистрација.
100% сигурна нарачка
Нашата веб страница (www.bono.mk) е 100% безбедна од аспект на он-лајн купување.
Сите податоци поврзани со трансакциите се единствено достапни на Халк Банка АД
Скопје, преку чиј систем е овозможено електронското плаќање. Тие гарантираат за
безбедностната конекција помеѓу нашата он-лајн продавница и крајниот купувач,
преку нивниот систем за наплата и платформата преку која се извршува
електронското плаќање ја обезбедува официјалниот картичен процесор во
Република Макдеонија – Интернационален Картичен Систем – Casys, преку системот
за регистрирање на купувачи cPay заштитен со најдобрата интернет алатка за
заштита 3D Secure – 3Д безбедносна автентикација на Вашата картичка доколку
истата е вклучена во ЗД безбедносниот модел.
Општа безбедност
Нашата компанија, и тимот позади нашата он-лајн продавница се грижи да
овозможи 100% безбедност на Вашите лични податоци.
Лицата под 18 години, односно малолетните лица не смеат да оставаат лични
податоци без одобрение на своите родители или старатели, односно не смеат сами
да креираат нарачка во нивно име.
Нашта веб-страница (www.bono.mk) преку својот хостинг провајдер има интегриран
SSL сертификат, со цел максимална безбедност на крајниот купувач.
SSL (Secure Sockets Layer) е стандардна безбедносна технологија која обезбедува и
гарантира безбедна врска помеѓу нашата он-лајн продавница и нашиот уред /
пребарувач. Наша одговорност е безбедно чување на Вашите лични податоци, но во
случај на сомнеж за злоупотреба на Вашите податоци поврзано со нас, Ве молиме
итно да не контактирате.
Плаќање при нарачка
Секој купувач може но и не мора да се регистрира за да може да биде остварена
нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената
адреса од страна на купувачот, како преглед и следење на процесот на нарачката.
При креирање на нарачката, таа се процесира до нашиот систем и минува низ три
фази:
- Се процесира – Ова подразбира дена нарачката е извршена од ваша страна,
но истата е во процест на преглед и одобрување / одбивање од нашиот тим. - Одобрена нарачка – Нарачката е одобрена, се припрема и се испраќа до
доставувач. Истата ќе биде на Ваша адреса 2 до 3 работни дена. - Одбиена нарачка – Нарачката е одбиена, од неколку можни причини.
Добивате известување за одбиена нарачка, причината е наведена во е- меилот, а средствата (во случај на плаќање со картичка) ќе бидат вратени назад.
За евентуални оштетувања, губења и слични ситуации при вршење на доставата,
одговорноста ја презема овластеното друштво за достава на пратки со кое
соработуваме.
Плаќањето може да се оствари преку плаќање при испорака како и со следните
платежни картички: Visa Classic; Visa Electron; Master Card; Maestro, а наплатата се
извршува преку системот на Халк Банка АД Скопје.
Доколку купувачот сака да го врати или замени производот, трошокот за повторна
достава е негов. За враќање и замена на производи важат наведените правила во
делот Замена за роба / Рекламација.
Замена / Враќање на производ
При он-лајн нарачка и по достава на пратката, веднаш по подигање на истата
проверете го произвдодот и доколку на истиот има видливи недостатоци, или не е
во согласност со Вашата нарачка, побарајте не телефонски или контактирајте не
преку e-меил, каде што јасно ќе ги наведете причините поради коишто сакате да
направиме замена или враќање на производот. Контактирајте не најдоцна во рок од
24 часа по прием на пратката, а ние во најкраток можен рок ќе Ве побараме.
Производот може да го вратите во рок од 15 дена од денот на купување. За да биде
вратен, истиот мора да биде неоштетен и неупотребен, односно во состојба при која
што сте го подигнале – со оригинална амбалажа, со сите документи со кои сте го
добиле (фискална сметка / фактура, лист од гаранција и сл.) Доколку сите услови се
исполнети, може да го испратите до наша адреса или лично да го доставите во
нашите салони. По прием на истиот, ние ќе го прегледаме дали истиот е оштетен или
користен, па доколку ги исполнува условите, ќе го замениме истиот.
При преглед на производот, доколку не се исполнети условите за замена / поврат,
барањето за замена / враќање може да биде одбиено.
Доколку имате барање за враќање на средства, без разлика на причината, БОНО има
обврска да го изврши плаќањето на Ваша трансакциска сметка, со идентични
податоци како на нарачателот.
Достава на нарачка
Доставата на секоја нарачка е бесплатна, без разлика на вредноста на истата. Рокот
на испорака е 2-3 работи дена, преку овластеното друштво за достава на пратки
(Курирска служба). При достава, курирот ќе Ве побара за точна адреса и време на
достава.
Секој нарачан производ се пакува со соодветна документација, се поставува во
пластична / метална кутија од самиот часовник, потоа се става во брендирана
картонска ќеса. Доколку при достава, забележите дека нешто недостасува, или има
видливи оштетување на самото надворешно пакување, контактирајте не веднаш
пред подигање на пратката.
Политика на колачиња (Cookies)
Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот
компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се
поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.
Со помош на колачињата www.bono.mk го следи движењето на посетителите на
интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за
користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри
корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет
страната.
Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при
следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите
преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или
информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други
зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.
Користиме неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:
- Неопходни колачиња – колачиња кои се неопходни за правилно
функционирање на основните функции на веб-страната како навигација,
онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на
содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена
интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за
Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие
колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со
овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да
прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве
извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема
правилно да функционираат. - Колачиња за аналитика – колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме
посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме
перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои
страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ
страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и
анонимни. - Функционални колачиња – колачиња кои овозможуваат подобра
функционалност и персонализација на содржината на веб-страната. Тие
можат да бидат поставени од страна на www.bono.mk, или пак од трети
страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страната. Доколку не се
согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страната
нема правилно да функционираат. - Колачиња за маркетинг – колачиња кои можат да бидат поставени преку
www.bono.mk веб-страната од страна на надворешни партнери. Партнерите
може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на
други веб-страни. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку
се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или
интернет-уред.
На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот
на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги
има поставено.
Со посетата на нашата он-лајн продавница посетителите може да направат избор
дали ги прифаќаат колачињата. Доколку не се согласувате со правилата, едностанво
негирајте го и не прифаќајте го делот во лентата за колачиња.
Во поставките на својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да
пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат
таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат
како што е предвидено.
Назив и седиште на контролор
Златар Боно ДОО, Кочани
Адреса на седиште: ВМРО (Маршал Тито) б.б.
Телефон за контакт: 074 204 304
Е-маил адреса: bonoandco@gmail.com
Офицер за заштита на лични податоци
Рада Божиновска
Телефон за контакт: 078 880 777